Поврзете се со нас

Англија

Челси испрати еден фудбалер во грчки АЕК

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Хаотичното лето во редовите на Челси донесе заминување на голем број фудбалери, од кои најголем дел ќе ја играат сезоната како позајмени играчи.

Еден од нив ќе биде и Давид Фофана, кој според англиските медиуми сезонава ќе го носи дресот на грчки АЕК, а клубот од Атина ќе има можност и да го откупи неговиот договор.

Фофана ја прифатил понудата, односно опцијата да се испроба во ново првенство, со што барем нема да биде замрзнат и ќе може да го покаже својот квалитет за евентуално враќање во поелитна лига.

Претходната сезона Фофана настапуваше како позајмен играч во редовите на Барнли.

Летово Челси целосно или привремено се раздели со 41 фудбалер, меѓу кои и имиња како Ромелу Лукаку, Рахим Стерлинг и Конор Галахер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни