Поврзете се со нас

Англија

Челси има „отворен“ пат до „Вембли“, можно е големо дерби во четвртфиналето на ФА Купот

Објавено

на

Foto:twitter.com/EmiratesFACup

Вечерва ќе ги добиеме останатите патници за четвртфиналето на ФА Купот, но веќе се познати потенцијалните парови за оваа фаза на најстарото клупско натпреварување.

Ждрепката беше извршена и официјално веќе имаме една формирана двојка-тоа е Манчестер Сити и Њукасл, два тима кои вчера си ја завршија работата со триумфите над Лутон и Блекбурн (на пенали).

Во случај Манчестер Јунајтед и Ливерпул, денеска да ја оправдаат улогата на фаворити, тогаш ќе имаме големо дерби на великаните за место во полуфиналето.

Челси пак има отворен пат до „Вембли“ со оглед на тоа што ако го добие Лидс на „Стемфорд Бриџ“ тогаш ќе го пречека и Лестер, уште еден тим од Чемпионшип лигата.

Подобриот од Вулверхемптон/Брајтон пак ќе ги одмери силите со Ковентри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни