Поврзете се со нас

Англија

Челси и Тотенхем преку пенали до следната рунда на англискиот Лига куп

Објавено

на

Челси и Тотенхем мораа да шутираат и пенали, но на крајот обезбедија место во следната рунда на англискиот Лига куп.

Челси одигра 1:1 во дуелот со Астон Вила, на кој водеше со голот на Вернер, но дозволи израмнување преку Арчер, за Јанг и Накамба од гостинската екипа да бидат неуспешни во пенал серијата која следеше веднаш по регуларните 90 минути.

Подраматичен беше дуелот меѓу Волвс и Тотенхем, на кој гостите поведоа со 2:0 со головите на Ендомбеле и Кејн, но мораа да изведуваат пенали за следната рунда.

Дендокер и Поденс ги вратија „волците“ во игра за конечни 2:2, но во пенал рулетот домаќините не беа прецизни дури три пати и го испратија Тотенхем на својот поранешен менаџер Нуно Санто во следното коло.

Претходно, од лондонските екипи пласман понатаму обезбедија и Арсенал и Вест Хем, додека Милвол беше елиминиран од Лестер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни