Поврзете се со нас

Англија

Челси и Ридигер далеку од договор, неколку клуба на готовс

Објавено

на

Од таборот на Челси никако не можат да се договорат со претставниците на Ридигер за продолжување на соработката на германскиот репрезентативец.

Желба на стоперот била да остане на „Стемфорд Бриџ“ каде блесна под водство на Томас Тухел, меѓутоа во преговорите меѓу неговите агенти и Челси имало големи пречки, па засега не може да се најде договор.

Фабрицио Романо пишува дека договорот е далеку од постигнување и дека играчот лесно би можел да го напушти клубот по крајот на оваа сезона.

Многу клубови се заинтересирани за играчот кој уште во јануари ќе може да го договори следниот ангажман затоа што ја игра последната година од неговиот валиден договор со Челси.

ПСЖ и Реал Мадрид притискаат за ангажман на Ридигер за кого интерес има и од Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни