Поврзете се со нас

Англија

Челси и продаде дефанзивец на Астон Вила за 35 милиони фунти

Објавено

на

foto:x.com/FabrizioRomano

Премиерлигашот Челси често знае да биде критикуван за сумата на пари која ја троши за засилувања, засилувања кои едноставно вложените средства не ги оправдуваат на теренот, но „сините“ знаат да изведат и операции во спротивен правец и тоа со играчи чии настапи можат да се избројат на прсти.

Таков е последниот случај со Иан Матсен кој од 2019 година официјално беше дел од Челси, ама низ целиот овој период одигра само 16 средби за да сега биде продаден во Астон Вила за „солена сума“ од 35 милиони фунти.

Матсен е холандски репрезентативец кој вториот дел од кампањата 2023/2024 го мина во Борусија Дортмунд каде настапи на 23 натпревари и даде три гола.

Левиот бек е второ засилување за составот од Бирмингем по Луис Добин кој пристигна од Евертон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни