Поврзете се со нас

Англија

Челси го возврати ударот на „Олд Трафорд“, Лисандро остана неказнет за лудачки старт (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед и Челси се задоволија со поделба на бодовите на „Олд Трафорд“ во еден дерби натпревар во кој двата тима играа без преголем притисок, но се чини дека конечниот резултат е најреален исход од оваа средба.

Во една пресметка во која се водеше жестока борба за секој метар од теренот, главните возбудувања ги дочекавме во последните 20 минути, во кои видовме два гола, но и еден лудачки старт кој мина неказнето.

Јунајтед поведе со голот од пенал на Бруно во 70-та минута, но Челси го возврати ударот само четири минути подоцна и на семафорот повторно се беше изедначено.

Последните 15-тина минути продолжија исто како што беа претходните 70, а во такви услови видовме и еден лудачки старт во судиското продолжение.

Лисандро Мартинез стартуваше над колено и буквално го покоси Кол Палмер, па иако сите правила налагаат дека треба да се добие директен црвен картон за ваков потег, луѓето во ВАР решија да го помилуваат Арентинецот.

Стартот на Лисандро погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни