Поврзете се со нас

Англија

Челси го собори светскиот рекорд со трансферот на Гирма

Објавено

на

Фото: https://x.com/ChelseaFCW

Раководството на Челси изминативе години инвестираше многу во засилувања за сениорскиот тим, а сега покажа дека нема да штеди ниту за реализирање на стратегијата и на својот женски тим.

Англиските медиуми потврдија дека Челси поставил нов светски трансфер рекорд со ангажирањето на Неоми Гирма од редовите на Сан Диего, трансфер за кој ќе бидат исплатени 900.000 фунти.

Интересно е што се работи за дефанзивна фудбалерка и Американка која со своите квалитети успеа да си обезбеди можност да настапува во женската Премиер лига и во Лигата на шампионите.

Досегашниот светски рекорд беше трансфер сума од 685.000 фунти, која екипата на Беј ФЦ ја плати за Рејлеч Кундананџи, досегашниот премиерлигашки рекорд исто така беше сопственост на Челси (384.000 фунти за Мејра Рамирез).

Во 2023 година, Гирма му помогна на Сан Диего да стане американски шампион, а со репрезентацијата на САД го освои олимпиското злато во Париз.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни