Поврзете се со нас

Англија

Челси го претстави новиот дрес за следната сезона, навивачите воодушевени (Фото)

Објавено

на

Од таборот на Челси утрово го претставија новиот дрес со кој играчите ќе играат на домашните натпревари од следната сезона.

Дресот е целосно син со потемни делови на ракавите и околу вратот, а новост од следната година ќе биде и новиот спонзор на предната страна.

Телекомуникациската компанија „3“ ќе биде спонзор на Челси, па се чини дека и нивното лого перфектно се вклопи во новиот дизајн на дресот.

Првичните коментари на социјалните мрежи се крајно позитивни, а се очекува Челси дресот да го носи и оваа сезона, на некој од последните домашни натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни