Поврзете се со нас

Англија

Челси го потврди првото засилување во ерата на Мареска

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Актуелните сопственици на Челси потрошија неверојатна сума за трансфери во последните преодни рокови, но тоа не значи дека лондонскиот клуб нема да биде активен и летово.

Утринава, Челси го потврди ангажирањето на Тосин Адарабиојо, а дефанзивецот потпишал договор на четири години и ќе треба да го зацврсти одбранбениот дел од формацијата на „сините“.

Адарабиојо доаѓа од Фулам, клуб кој му понуди нов договор со кој ќе станеше и најплатен играч, но не успеа да го убеди стоперот да остане во овој дел од Лондон.

Фудбалерот веќе ги минал лекарските прегледи и фактички ќе стане прво засилување на Челси во ерата на новиот менаџер Енцо Мареска.

Минатата сезона, Адарабиојо забележа 20 настапи во Премиер лигата и постигна 2 гола во дресот на Фулам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни