Поврзете се со нас

Англија

Челси го потврди наследникот на Покетино, испратена е првата порака: Ова е сон за секој тренер…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Англискиот прволигаш Челси официјално го реши тренерското прашање, поточно го соопшти наследникот на Маурисио Покетино кој си замина од клубот по завршувањето на кампањата 2023/2024.

Нов предводник на поранешниот англиски и европски шампион е 44-годишниот италијански стручњак Енцо Мареска. Се работи за стратег кој изминатава година работеше во Лестер, тим кој експресно успеа да го врати во Премиер лигата.

„Сините“ за Италијанецот ќе платат обештетување од 10 милиони фунти, а од таборот на „лисиците“ ќе пристигнат уште неколку луѓе кои ќе бидат дел од новиот стручен штаб.

-Да се преселите во Челси, еден од најголемите клубови во светот, тоа е сон за секој тренер. Затоа сум толку возбуден од оваа можност.

-Со нетрпение очекувам да работам со многу талентирана група играчи и персонал за да развијам тим кој ќе ја продолжи традицијата на успех на клубот и ќе ги прави горди нашите навивачи, -порача Мареска кој доби договор до 2029 година со опција за уште една сезона.

Тој сега има работено и во Манчестер Сити и Парма.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни