Поврзете се со нас

Англија

Челси го потсети Азар поради кој играч пристигна на „Стемфорд Бриџ“ пред точно осум години (Фото)

Објавено

на

Еден Азар во овој момент е голема ѕвезда на Реал Мадрид откако минатата година направи трансфер од Челси, клуб кој одлучи да го одбележи денешниот ден на најдобар можен начин.

Лондонскиот великан нагласи дека денес се навршуваат токму осум години од историскиот трансфер на Белгиецот кој пристигна од Лил, фудбалер кој според многумина е еден од најдобрите кои некогаш го облекле синиот дрес на Челси.

Клубот ја одбележа осумгодишнината од трансферот со неколку специјални видеа од неговите најдобри голови, но го потсети и на една изјава за човекот кој е најзаслужен за целата операција во Челси.

– Разговарав со него пред да потпишам за Челси. Разговаравме секој ден, искрено ви кажувам. Ми велеше дека Челси е најдобар клуб за мене. Ми нагласи дека Челси е голем клуб во кој секоја сезона ќе можам да освојувам трофеи. Поради тоа потпишав за Челси. Ти благодарам Џо Кол.

Инаку, Џо Кол исто така е легенда на Челси и седум години настапуваше во Челси, а со Азар ја делеше соблекуваланата за време на краткиот период кој го мина на позајмица во Лил.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни