Англија
Челси го „краде“ талентот на Манчестер Јунајтед: 19 годишниот офанзивец завршува на „Стемфорд Бриџ“?
Веќе подолг период се шпекулира за иднината на еден од најголемите таленти на Манчестер Јунајтед, кој рака на срце не остави голем впечаток кога добиваше шанса во првиот тим, Анхел Гомеш.
Младиот 19 годишен офанзивец се уште го нема продолжено договорот со „црвените ѓаволи“ и постои голема веројатност тој да си оди од клубот како слободен агент по крајот на сезоната.
Гомеш ја одбил последната понуда од Манчестер Јунајтед за продолжување на договорот, па сега се уште не е познато дали од клубот ќе му понудат нов договор.
„Дејли Мејл“ вчера објави дека од клубот нема да му понудуваат нов договор, туку ќе му дадат можност на фудбалерот да размисли до следната недела дали ќе сака да го прифати веќе понудениот со кој би заработувал по 30.000 фунти неделна плата.
„Мирор“ пак пренесува дека целата оваа ситуација одблиску ја следат од Челси од каде се подготвени да го донесат Анхел Гомеш во своите редови.
Младиот Гомеш одреден период се поврзуваше и со трансфер во Барселона, меѓутоа неговите неубедливи игри во првиот тим на Манчестер Јунајтед веројатно ги одвратија „каталонците“ од намерата да го ангажираат играчот.
-
Англијапред 12 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 12 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Светпред 22 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Шпанијапред 12 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Балканпред 23 часа
Играчите на Галатасарај подготвиле специјален пенал, Икарди се посрамоти за сите пари (ВИДЕО)
-
Англијапред 11 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него