Челси го договори Зијеш, а веќе се знаат првите четворица играчи кои сигурно ќе си заминат од клубот

celsi

Од Челси уште од сега почнаа со подготовка на тимот кој ќе го носи товарот за следната натпреварувачка сезона.

„Сините“ од Лондон вчера го договорија ангажманот на мароканскиот фудбалер, Хаким Зијеш кој ќе пристигне од редовите на Ајакси ќе биде големо засилување за Френк Лампард.

Освен Зијеш се очекуваат уште неколку нови имиња на „Стемфорд Бриџ“, а уште од сега станува јасно за кои фудбалери нема да има место во Челси следната сезона.

Искусните Оливие Жиру, Педро и Вилијан ќе може да си бараат нова средина, а од играчите кои најверојатно ќе си заминат е и Мичи Батсуаи кој сега перманентно ќе си оди од клубот.

Facebook Коментари