Поврзете се со нас

Англија

Челси ги скроти „волците“ и се врати во топ четири во Премиер лигата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Битката за топ четири во Премиер лигата се очекува да биде повозбудлива од било кога оваа сезона, од едноставна причина што има најмалку шест екипи кои се бодовно блиску од третото до осмото место.

Еден од овие тимови е и Челси кој се врати на победничките патеки вечерва на „Стемфорд Бриџ“, триумф кој доаѓа по две реми средби и два порази, односно пет натпревари без три бода во домашното првенство.

Избраниците на Енцо Мареска повторно имаа желба за надигрување против Вулверхемптон над кого во првиот дел од сезоната славеа со 2:6, па иако вечерва беа доста помилостливи, сепак на крајот славеа со сигурни 3:1.

Тосин го отвори контото оваа вечер со својот прв премиерлигашки гол во кариерата, Доерти израмни на 1:1 до крајот на првиот дел, но Челси имаше подготвено уште два удари во вториот дел.

Кукурелја и Мадуеке погодија по еднаш до 65-та минута, па уште тогаш беше јасно дека Челси става крај на лошата серија резултати и дека се враќа на четвртото место во Премиер лигата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни