Поврзете се со нас

Англија

Челси е друг тим со Менди на голот, засилувањата на Лампард проработеа и во нападот (Видео)

Објавено

на

Челси изгледа како друг тим со Едуард Менди меѓу двата диреци, бидејќи составот од „Стемфорд Бриџ“ е далеку посигурен во одбрана со него во стартната постава.

Менди денеска го прокнижи и петтиот меч во низа без примен гол, откако Челси сосема заслужено славеше со 0:3 на гостувањето на „Турф Мур“ кај Барнли.

Во офанзивен сегмент, значаен придонесе денеска имаше големото летно засилување Хаким Зијеш, бидејќи покрај тоа што го отвори резултатот во првото полувреме, учествуваше и во третиот гол бидејќи беше асистент на погодокот кој го постигна Тимо Вернер.

Покрај нив двајца, погодок постигна и Курт Зума по корнерот кој го изведе Маунт, додека Менди денеска немаше премногу работа, бидејќи домашните фудбалери речиси и да немаа сериозна закана кон неговиот гол.

Сенегалецот на овој начин го заврши петтиот меч без примен гол во редовите на Челси, а импресивен е податокот кој вели дека само еднаш ја вадеше топката во мрежата во своите шест официјални настапи за тимот на Френк Лампард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни