Поврзете се со нас

Англија

Челси договорил тренер за прекини од ривалски клуб

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси потроши големи суми за трансфери, го доведе Маурисио Покетино на менаџерската позиција, но и натаму се обидува да се врати на посакуваните патеки и во битка за трофеи.

Раководството на лондонскиот клуб решило да го засили стручниот штаб со уште еден докажан стручњак, кој ќе биде задолжен за прекините на екипата.

Челси сака да напредува во овој сегмент и решението го гледа во 36-годишниот Бернардо Куева, кој во моментов успешно ја извршува истата функција во редовите на Брентфорд.

Порталот „Атлетик“ објави дека Челси постигнал договор со Куева и Мексиканецот ќе му се придружи на стручниот штаб на Покетино од следната сезона.

Куева дојде во Брентфорд во 2020 година и е најзаслужен за ефикасноста на премиерлигашот по прекини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни