Поврзете се со нас

Англија

Челси договори засилување од редовите на Интер

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси и Интер најдоа заеднички јазик за враќање на Ромелу Лукаку во Италија, а сега успеале да се договорат и за еден класичен трансфер.

Се работи за зделка која го води 19-годишниот Чезаре Казадеи во редовите на премиерлигашот, со што лондонскиот клуб успеа да ги добие правата на големиот талент на италијанскиот фудбал.

Казадеи ќе го чини Челси околу 15 милиони евра, плус 5 милиони како евентуални бонуси, а Интер нема да има право да го откупи неговиот договор во иднина.

Играчот за врска важи за еден од најталентираните во својата генерација и е стандарден член на младинските селекции на Италија.

Трансферот на Казадеи би требало и финансиски да го олесни останувањето на Лукаку во Интер на подолг рок, бидејќи сега настапува како позајмен играч од Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни