Поврзете се со нас

Англија

Челси добива сериозна конкуренција во битката за Фофана: Се појави нов клуб кој е спремен да даде 70 милиони фунти

Објавено

на

Челси мака мачи да ги ангажира посакуваните засилувања во овој преоден рок, најмногу поради Барселона која постојано ги „краде“ трансфер метите на Томас Тухел.

Германскиот стратег е во потрага по нов стопер кој ќе му прави друштво на Калиду Кулибали во срцето на одбраната, а откако не успеа да го ангажира Жулс Кунде, од управата побарал да се тргне по Весли Фофана од Лестер.

Челси веќе испратил една понуда од 60 милиони фунти, но истата веднаш била одбиена од клубот од „Кинг Пауер“ кој за Фофана барал минимум 70 милиони фунти.

И додека од Челси размислувале дали да ја испратат бараната понуда, како што пишува „Дејли Мејл“ во трката за стоперот се вклучил и тимот на ПСЖ.

Францускиот шампион е во потрага по централен дефанзивец и нивна главна мета е Милан Шкринијар од Интер. Сепак, засега преговорите со „нероаѕурите“ не течат во вистинска насока, па од клубот вниманието го насочиле токму кон Фофана.

Сега останува да се види каде ќе продолжи одличниот стопер од кој Лестер очигледно добро ќе се опари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни