Поврзете се со нас

Англија

Челси доби прва прогноза за паузата на Фофана

Објавено

на

Челси го купи Весли Фофана како големо засилување за својата одбрана, но Французинот сега оди на принудна пауза.

Фофана постигна гол против Милан во Лигата на шампионите, но подоцна имаше малерозен момент поради кој мораше да го напушти теренот, за денеска да стане појасен и карактерот на повредата.

Англиските медиуми тврдат дека дефанзивецот ќе паузира меѓу 4 и 6 недели, што значи дека Челси нема да смета на неговите услуги до паузата за Светското првенство.

Челси и менаџерот Потер првично беа исплашени дека се работи за многу посериозна повреда, па ваквата информација сепак е попозитивна од она што се прогнозираше синоќа.

За услугите на Фофана, Челси на Лестер му плати 75 милиони фунти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни