Поврзете се со нас

Англија

Челси чека да го продаде Лукаку за да ангажира офанзивци на Барселона и Сити

Објавено

на

Од таборот на Челси во моментов не притискаат многу за ангажман на одредени засилувања и трпеливо ја чекаат разврската за неколку можни договори.

Во јавноста се повеќе се споменува дека Ромелу Лукаку би можел да се врати во Интер по само една сезона од неговиот скап трансфер на „Стемфорд Бриџ“, а токму оваа зделка ќе игра голема улога во тоа дали „сините“ ќе пазарат нови офанзивци.

Томас Тухел бил фан на играта на крилниот фудбалер на репрезентацијата на Англија и член на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг кој би можел да го напушти „Итихад“ по неколкуте офанзивни засилувања во тимот на Пеп Гвардиола.

Стерлинг не би имал ништо против да потпише за Челси, клуб во кој со сигурност би добивал и поголема минутажа.

Освен Стерлинг, Челси работи на ангажман и на Усман Дембеле кој наскоро ќе биде слободен агент и без обесштетување ќе може да ја промени средината.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни