Поврзете се со нас

Англија

Челси броеше до пет во ФА Купот, Плимут го шокираше Брентфорд (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ChelseaFC

Челси без проблеми ја мина третата рунда во ФА Купот и се пласираше во наредната фаза, откако тимот на Енцо Мареска и повеќе од сериозно си ја сфати задачата против Моркамб.

Фаворитот го стартуваше натпреварот со промашен пенал од Нкунку, но сепак до крајот на првиот дел успеа да стигне до водство со погодокот на Тосин, по што следеше целосна доминација во вториот дел.

Нкунку си ја поправи грешката и зголеми на 2:0 на стартот на второто полувреме, а до финишот на мечот видовме уште три гола во мрежата на гостите, еден од Тосин и уште два од Жоао Феликс.

Убедлив денеска во ФА Купот беше и Лестер кој на домашен терен го совлада КПР со 6:2, додека изненадувањето на денот го режираше Плимут.

Последниот тим на табелата во Чемпионшип успеа да го шокира премиерлигашот Брентфорд, славејќи на гостински терен со 0:1 благодарение на голот на Витакер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни