Челси и Барселона ја оставија одлуката за реваншот, Баерн го торпедираше Бешикташ (Видео)

vilijan-barsa

Челси и Барселона одиграа со нерешени 1:1 на „Стемфорд Бриџ“ и патникот во четвртфиналето на Лигата на шампионите ќе го решаваат на возвратниот натпревар, додека Баерн Минхен ги реши дилемите уште во Минхен откако го победи Бешикташ со убедливи 5:0.

Вилијан два пати го погоди дирекот во првото полувреме, но од третиот обид успеа да го совлада Тер Штеген и донесе голема радост за Челси во 62. минута. Само 13 минути подоцна, по грубата грешка на одбраната, Иниеста едноставно го пронајде Меси, а овој не погреши и ги постави конечните 1:1, резултат кој ветува интересен реванш.

Баерн Минхен славеше убедливо против Бешикташ (5:0), а еден од клучните моменти беше црвениот картон на Вида во првото полувреме. Баварците пред крајот на првиот дел поведоа преку Милер, а во второто полувреме Коман, Милер со својот втор гол ја најави катастрофата, а истата ја надополни Левандовски со два погодоци за конечни 5:0 и недостижна предност за турскиот ривал кој реваншот ќе го игра на домашен терен.

Facebook Коментари