Челинџ Куп: Куманово доживеа тежок пораз во Полска

Women's_EHF_Challenge_Cup_logo.svg

Ракометарките на ЖРК Куманово загубија убедливо од МКС Селгрос Лублин со 54-13 во првиот меч од третото коло во Челинџ Купот.

Самиот резултат говори за разликата во квалитет и класа на ривалите, првиот дел преставникот од Полска го доби со 24-4, а вториот со 30-9.

Пеовска со 5 и Боризовска со 4 беа најпрецизни кај кумановски. Втората средба се игра во текот на утрешниот ден.

Facebook Коментари