Поврзете се со нас

Англија

Чекор поблиску до Бекам: Де Брујн сега е меѓу десетте најдобри асистенти во историјата на ПЛ (ФОТО)

Објавено

на

Екипата на Манчестер Сити го оправда статусот на фаворит и се избори за славје над Вест Хем од 2-1 во првата средба од денешната програма во Премиер лигата.

Стрелци на погодоците беа централните дефанзивци Рубен Диаш и Џон Стоунс со што покажаа дека освен што се фантастичен тандем во одбраната многу добро знаат да се снајде и во нападот и да придонесат кога е тоа потребно.

Меѓутоа имаа помош за да дојдат до овие погодоци, поточно одлични топки им сервираа Кевин Де Брујн и Ријад Марез. Овој првиот со најновата асистенција дојде до бројката од 77 со што влезе во Топ 10 листата на најдобрите асистенти во историјата на Премиер лигата,

Тој го мина Теди Шеренгем и сега е чекор поблиску до Дејвид Бекам кој е следен на вечната листа со 80 крицијални додавања за гол во најквалитетното англиски натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни