Поврзете се со нас

Свет

Чекор напред во неговата кариера: Димитријевиќ си замина од Хувентуд, но остана во Шпанија (ФОТО)

Објавено

на

Еден од најдобрите македонски репрезентивци, Ненад Димитријевиќ ја промени клупската средина и во наредната сезона ќе го носи дресот на Валенсија.

Димитријевиќ одлучи дека е време за чекор напред во неговата кариера, едно скалило погоре и од Хувентуд се пресели во составот од „Ла Фонтета“, тим кој има далеку поголеми, повисоки амбиции од составот од Бадалона.

Плејмејкерот пет години играше за Хувентуд, период во кој стекна многу искуство, доста напредуваше и со тие негови партии си овозможи трансфер во Валенсија со која потпиша четиригодишен договор.

Во претходнава кампања реализираше по 10,6 поени, 1,5 скока и 3,6 асистенции во Ендеса лигата, додека во Еврокупот имаше во просек по 12,9 поени, 1,6 скока, 3,6 асистенции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Valencia Basket (@valenciabasket)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни