Чекањето заврши: Авионските трки се враќаат во Португалија!

Photographer Credit:
Daniel Grund/Red Bull Content PoolPhotographer Credit: Daniel Grund/Red Bull Content Pool
Photographer Credit: Daniel Grund/Red Bull Content Pool
Photographer Credit:
Daniel Grund/Red Bull Content Pool

Поминаа осум години откако официјалното светско првенство Red Bull Air Race ги параше облаците над живописните брегови на Порто и Вила Нова де Гаја. Со вжештена атмосфера на врвот од табелата и само три трки до крајот, португалската авантура може да биде точка на пресврт во оваа сезона за четворицата кандидати кои се на врвот од табелата!

Шестата станица од календарот за 2017 година ветува дека ќе изобилува со возбуда. Локацијата е Порто, еден од најстарите европски центри, со воодушевувачка глетка над реката Дуро, кој воедно е и едно од светските наследства заштитени од УНЕСКО. Гледачите се посебна приказна: повеќе илјади обожаватели кои нетрпеливо го чекаа враќањето на акцијата од 370 километри на час уште од времето на претходните трки од 2007 до 2009 година, при што ги уриваа рекордите на посетеност. На трката ќе учествуваат 14 најдобрите пилоти кои ќе се обидат да се изборат за своето место под сонцето во една од најконкурентните сезони на овој спорт досега.

А ако историјата се повтори, има голема шанса пилотот кој ќе победи во Португалија да биде крунисан како светски шампион.

Пилотите кои претходно триумфираа во Порто, Ханс Арх, Пол Боном и Стив Џонс, подоцна станаа вистински легенди на Red Bull Air Race. Арх, победникот во Порто од 2008 година, ја заврши таа сезона со шампионскиот трофеј во рацете, а исто така и Боном ја освои титулата во 2009 година само неколку недели откако триумфираше во Порто. Иако Џонс не го освои шампионатот откако се искачи на врвот од подиумот во 2007, неговата кариера исто така беше ѕвездена, и сега е тркачки директор на Red Bull Air Race и му е партнер на Боном како една половина од демонстраторскиот тим на „Red Bull Matadors“.

Меѓу моменталните конкуренти кои сакаат да испишат својата историја во Порто ќе бидат четворицата натпреварувачи кои се на само два поени разлика на врвот од генералниот пласман, при што Американецот Кирби Чемблис (кој е двоен шампион и беше втор во Португалија во 2008) го држи водството, додека по него следат Јошихиде Муроја од Јапонија, Мартин Шонка од Чешка и Пит Меклиод од Канада. Од оваа елитна група, само Шонка никогаш претходно не се натпреварувал во Порто. Но од останатите пилоти, дури 50 отсто за прв пат доаѓаат на португалската станица, што го прави резултатот уште понепредвидлив, со скапоцени 15 поени резервирани за победникот.

Септември почнува со станицата која е изгласана за Најдобра европска дестинација за 2017 година: Red Bull Air Race е во Порто во сабота и недела, 2-3 септември, и присуството е слободно за публиката.

Гледајте во живо!

Ова натпреварување ќе се пренесува во живо, при што квалификациите на 2 септември од 16 часот, додека трката во недела на 3 септември започнува со елиминациските рунди во 13 часот по средноевропско време. Акцијата можете да ја следите преку веб страната www.redbullairrace.com и преку Red Bull TV. Red Bull TV е достапен на поврзаните телевизори, играчките конзоли, мобилните и други уреди. Дознајте повеќе на about.redbull.tv.

Преостанати трки:

2-3 септември: Порто, Португалија

16-17 септември: Лаусиц, Германија

14-15 октомври: Индијанаполис, САД

Facebook Коментари