Поврзете се со нас

Англија

„Чеканите“ разбиени на нивен терен, Рајс со еврогол ја круниса маестралната партија на Арсенал (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Фудбалерите на Арсенал му нанесоа тежок пораз на градскиот ривал Вест Хем во денешното соочување во Премиер лигата.

„Чеканите“ во актуелнава сезона ги исфрлија „топчиите“ од англискиот Лига Куп, потоа ги шокираа на нивен терен во рамките на шампионатот, но денеска тие победи скапо ги платија затоа што противникот ги понижи со неверојатни 6-0.

Домаќините беа невидливи на оваа средба и останува да се види какви последици ќе остави овој пораз кој дефинитивно е болен како за играчите така и за навивачите.

Од 32 минута до крајот на првото полувреме четата на Микел Артета успеа да даде дури четири гола. Се тргна од францускиот репрезентативец Салиба, потоа Сака стрелаше од пенал за да набрзо во листата на стрелци се запишат дефанзивецот Габриел и офанзивецот Тросар.

Јасно беше кој е победникот, односно непознат беше само резултатот со кој ќе заврши оваа лондонска битка. Од 63 до 66 минута одново имавме блиц-криг на гостите, Сака зголеми на 5-0, додека конечниот резултат го постави Рајс со еврогол што беше уште еден удар за Вест Хем со оглед на тоа што Деклан до минатото лето беше нивна ѕвезда, играч и миленик.

Со 52 бода Арсенал е на третото место на табелата зад Манчестер Сити и Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни