Поврзете се со нас

Македонија

Чехот Вондра промовиран во Шкендија

Објавено

на

Поранешниот македонски шампион Шкендија го потврди ангажманот на интернационалецот од Чешка, Јан Вондра.

Вондра има 26 години и ја покривата левата бековска позиција. Негов последен клуб беше Бохемијанс 1905 од Прага, а со „црвено-црните“ потпиша две годишен договор.

-Среќен сум што сум во Тетово и што сум дел од Шкендија. Мислам дека дојдов во црвено-црниот тим токму во вистински момент, пред натпреварите во европските натпреварувања. Се надевам дека од натпреварите во Конференциската лига ќе ја оправдам мојата заложба за Шкендија, но нормално фокусот ќе биде и во новата натпреварувачка сезона каде верувам дека со Шкендија ќе атакуваме на титулата шампион на Македонија.

-Од тоа што научив деновиве е дека Шкендија има многу квалитетен тим со многу потенцијал и убеден сум дека заедно ќе постигнеме позитивни резултати како во европските натпреварувања така и во домашното првенство, -порача Јан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни