Чехот Шонка победи на „домашната“ трка во Будимпешта

gulijan pod most vo pesta 2018

Огромната толпа чешки навивачи меѓу 135.000 илјади гледачи во Будимпешта на четвртата станица од Red Bull Air Race 2018 овој викенд беа во екстаза зашто Мартин Шонка ја освои својата прва победа во сезоната. Франција исто така имаше причина за славје, зашто младиот Французин Мика Бражо го заработи своето прво искачување на подиумот во кариерата, освојувајќи го второто место, додека со пласманот на третото место, Мат Хол од Австралија ја зацврсти својата позиција на врвот од табелата на ова светско натпреварување.

Бидејќи Будимпешта се наоѓа на само еден час летање од Чешката Република, Шонка ја смета оваа редовна станица во Унгарија за свој, домашен терен, и овој викенд беше незапирлив, почнувајќи ги квалификациите со најдобро време. Но Бражо, најмладиот пилот во светскиот шампионат со само 30 години, беше силен ривал иако ова беше негов прв настап во последната рунда за најдобрите четворица пилоти, по што заврши на само 0.347 секунди зад Шонка, чие време изнесуваше 57,502 секунди. Другите двајца во „Фајнал 4“ беа пилотите што до оваа трка беа изедначени на табелата, Австралиецот Мат Хол и Американецот Мајкл Гулијан. Иако порано има славено во Будимпешта, Гулијан овој пат имаше кошмарно возење и заработи казни од седум секунди, па третото место на Хал му даде шанса за одвојување на врвот од табелата од светскиот шампионат.

На Шонка, кој беше втор во светскиот шампионат во 2017 година, но имаше технички дисквалификации во првите две трки оваа сезона, забележително му олесна.

– Ова е неверојатно! Имаше една огромна енергија од толпата која ја чувствував во кокпитот во текот на целата трка, и можам да ви кажам дека погледот од врвот на подумот е прекрасен. Уживам во него секој пат,- рече пилотот, кој досега има две победи на трки во претходните години. – Многу е важно, затоа што сме во средината на сезоната и беше клучно да се остане во контакт со врвните пилоти. Имавме многу технички проблеми и секој член на тимот работеше напорно за овој момент. Будимпешта е уникатно место и бидејќи овде има толку многу чешки навивачи, навистина е посебно што можев да им ја подарам оваа победа.

Влоговите ќе бидат уште повисоки на следната станица, кога Red Bull Air Race ќе се врати во Казан, спортската престолнина на Русија, која што го означува и влезот втората половина од сезоната. Хал, кој двапати беше втор на светските шампионати, сега води пред Гулијан со 2 поени, поточно има 45 наспрема 43 поени на Американецот. Со оваа победа, Шонка стигна до вкупно 34 поени и тоа го доведе до силното трето место, со што се одвои од бранителот на титулата, Јошихиде Муроја од Јапонија. Тој заврши како единаесетти во Будимпешта поради дисквалификација бидејќи го надмина дозволениот лимит од 10G (гравитациско забрзување). Со 27 поени, Бражо сега е на четвртото место, што е најдобар резултат во неговата кариера. Тој во Будимпешта дојде изедначен со шампионот од 2016 година, Матијас Долдерер од Германија, кој не настапи од здравствени причини. Муроја и Долдерер паднаа на петтото и шестото место, и ќе треба навистина да се потрудат во Русија.

Бидете таму: картите за светскиот шампионат Red Bull Air Race 2018 – меѓу кои и трката пред Кремљ на Казан на 25-26 август – се веќе во продажба. За повеќе информации за билети и најновите вести, посетете ја веб-страницата www.redbullairrace.com.

Резултати (Мастер класа), Будимпешта 2018: 1. Мартин Шонка (Чешка), Мика Бражо (Франција), 3. Мат Хол (Австралија), 4. Мајкл Гулијан (САД), 5. Франсоа Ле Вот (Франција), 6. Кристијан Болтон (Чиле), 7. Николас Иваноф (Франција), 8. Бен Марфи (Велика Британија), 9. Петр Копфстајн (Чешка), 10. Кирби Чемблис (САД), 11. Јошихиде Муроја (Јапонија), 12. Пит Меклиод (Канада), 13. Хуан Веларде (Шпанија), 14. Матијас Долдерер (Германија).

Генерален пласман (по четири трки): 1. Мат Хол (Австралија) 45 поени, 2. Мајкл Гулијан (САД) 43 поени, Мартин Шонка (Чешка) 34 поени, 4. Мика Бражо (Франција) 27 поени, 5. Јошихиде Муроја (Јапонија) 19 поени, 6. Матијас Долдерер (Германија) 15 поени, 7. Франсоа Ле Вот (Франција) 15 поени, 8. Пит МекЛиод (Канада) 11 поени, 9. Кирби Чемблис (САД) 10 поени, 10. Хуан Веларде (Шпанија) 9 поени, 11. Бен Марфи (Велика Британија) 9 поени, 12. Петр Копфстајн (Чепка) 8 поени, 13. Кристијан Болтон (Чиле) 6 поени, 14. Николас Иваноф (Франција) 5 поени.

КАЛЕНДАР 2018:

25/26 август: Казан, Русија

15/16 септември: Виенер Нојштад, Австрија

06/07 октомври: Индијанаполис, САД

00/00 ноември: дополнителна локација

Facebook Коментари