Поврзете се со нас

Англија

Чех за ситуацијата во Јунајтед: Новата метла секогаш чисти подобро!

Објавено

на

Петр Чех како човек со советничка улога во Челси ги следи сите случувања во клубот и често знае да биде интересен со своите колумни за официјалната веб страна, а во своето последно излагање, го коментира претстојното големо дерби кое следи во Премиер лигата.

По големата победа од 4:0 над Јувентус, Челси во недела на домашен терен ќе го пречека Манчестер Јунјатед, тим кој има улога на ранет лав, но кој ќе пристигне на „Стемфорд Бриџ“ со нов човек како предводник, без оглед дали тоа ќе биде Керик или најавениот Ралф Рангник.

Оле Гунар Солскјер заработи отказ по поразот од Вотфорд, а Чех употребни чешки термин за да ја опише актуелната ситуација во тимот кој ќе допатува во Лондон на неделното дерби.

– Имаме добра изрека во Чешка: Новата метла чисти подобро! Секогаш е незгодоно кога играте против тим со нов тренер, со нови идеи. Таков ќе биде дуелот со Манчестер Јунајтед, кога има тренерска промена, обично следи реакција од фудбалерите. Одеднаш, сите играчи се рестартираат и започнуваат од нула, гледаат своја шанса за докажување.

– Можни се изненадувања, но најважното е секогаш да се прашувате вие. Ако Челси успее да доминира и да ја контролира играта, тогаш нема што да се прашува Јунајтед на натпреварот во недела. Единствената грижа е тоа што сега може да наидеме на многу помотивиран тим, со друга самодоверба и пристап. Сепак, ако се надмине тој старт и потоа се контролира мечот, не е важно против кого играте. Најдобар доказ за тоа беше мечот со Јувентус пред неколку дена, – вели Чех.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни