Поврзете се со нас

Англија

Чех со свој тип за тоа кој ќе го освои пехарот во Премиер лигата

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Петр Чех најголемиот дел од својата фудбалска кариера го мина во Англија каде успеа да ги освои сите можни трофеи и тоа во повеќе наврати носејќи ги дресовите на Челси и Арсенал.

Со своите изданија, партии дефинитивно Чех одбележа една ера и сигурно ќе остане запаметен како еден од најголемите голмани во историјата на Премиер лигата.

Тој вчера беше гостин на „Скај Спортс“ во понеделничкото издание и меѓу темите за кои имаше можност да го каже својот став беа и титулите, поточно кој од неговите поранешни клубови е поблиску да дојде до најважниот пехар на островот.

-Во овој момент тоа е Арсенал. Оваа сезона? Оваа сезона ќе биде многу тесна, ама мислам дека Арсенал може да успее,  -порача Петр.

„Топчиите“ веќе две децении чекаат на лигашки пехар, во моментов се на третата позиција зад Манчестер Сити и Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни