Поврзете се со нас

Англија

Чех со анализа на „новиот Челси“: Газдата реши да работи на поинаков начин

Објавено

на

Foto:instagram.com/petrcech

Петр Чех е легендарен голман на Челси и беше еден од директорите на клубот во завршната фаза од ерата на Роман Абрамович, а изненадувачки, тој беше еден од првите кои си заминаа кога се комплетираше продажбата на клубот.

Тод Боли не најде место за Чех во неговиот проект и реши да фати целосно друг правец, но по една ипол година слободно може да се каже дека новиот газда се уште лута и е во потрага по вистинскиот рецепт за успех.

Чех во интервјуто за „Скај Спортс“ беше запрашан за новата насока по која оди Челси и поранешниот чувар на мрежата даде исцрпен одговор, но направи и предвидување за тоа кога овој тим би можел да се бори за важни титули.

– Самата продажба на клубот придонесе огромни промени. Клубот доби нов газда, нова визија, нов стил. Тие одлучија дека клубот треба да работи на поинаков начин. Кога доаѓа до тоа, потребно е време за адаптација, истото важи и за играчите кои пристигнаа во тимот. Потребно е време за да се наредат сите работи. Кога јас бев во клубот, тимот беше изграден, но потоа си заминав и се направи целосна смена на тимот.

– Дојдоа многу играчи за кои беа платени многу пари, а тоа им прави дополнителен притисок. Овој тим на Челси е многу млад и тешко е да се исполнат очекувањата од минатото. Кога ќе ги погледнете игрите на тимот, не гледате дека овој состав поседува костур и потребен баланс. Се гледа дека се уште се во потрага по вистинската формула. Се менува голманот, се менуваат дефанзивците, играчите во средина и во нападот.

– Јасно е дека оваа сезона не се ниту блиску до титулата, сега треба да се насочат кон добро затворање на сезоната и добра подготовка за наредната. Нивна цел треба да биде постепено искачување, да дојдат барем до топ четири наредната сезона. Ако се оди како што треба, Челси може да биде кандидат за титулата дури во 2026-та година, – изјави Чех.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни