Чех прифати возбудлив предизвик: Ќе се испробам во спортот кој го сакав како дете (Фото)

ceh-celsi

Петр Чех на крајот на минатата сезона одлучи да се повлече од активното играње фудбал и стави точка на својата голманска кариера во фудбалот, но очигледно мирувањето во изминативе неколку месеци, го искористил за да се посвети на својата љубов од детството.

Чех кој ова лето доби и директорска функција од Челси во  наредниот период ќе извршува две работи, бидејќи денеска се согласи да стави потпис на едногодишен договор со британскиот хокеј клуб Феникс.

– Пресреќен сум што ќе имам шанса да играм за Феникс на професионално ниво. Се надевам дека ќе му помогнам на овој  млад тим да ги оствари зацртаните цели во сезоната, се надевам дека ќе победиме на многу натпревари кога ќе добијам шанса за игра. После 20 години како професионален фудбалер, ова ќе биде фантастично искуство за мене, ќе ја играм играта која уживав да ја гледам на телевизија и која ја играв и сакав како дете, – открива Чех кој одлучи да се испроба и во спортот кој е доста популарен во неговата земја.

Facebook Коментари