Англија
Чех посебно стравувал од една премиерлигашка ѕвезда: Тој беше кошмар за мене

Петр Чех одбележа една ера како голман на Челси и успеа да освои се што може да се освои на „Стемфорд Бриџ“, вклучувајќи го и историскиот трофеј во Лигата на шампиони.
Чешкиот чувар на мрежата беше голема гаранција за дефанзивците на Челси и повеќе од една деценија беше прв голман на „сините“, период во кој за ривали имаше голем број фудбалски ѕвезди, но и расни голгетери какви се поретко гледаме во модерниот фудбал.
Чех во интеврјуто за „Амазон прајм“ доби за задача да го избере ривалот од кој најмногу стравувал во Премиер лигата, а тој без многу размислување го избра Вејн Руни, најдобриот голгетер во историјата на Манчестер Јунајтед.
– Вејн Руни беше човекот маркиран со црвено, кога игравме против Јунајтед во Премиер лигата, тој беше човекот кој требаше да се сопре. Тој беше вистински кошмар, можеше да ве лобува од пола терен, беше неуморен, едноставно го имаше секаде на теренот. Кога и да помислите дека го нема, тој повторно доаѓа, продолжува да врши пресинг и никогаш не ви даваше секунда за размислување. Имав посебна подготовка за него од тренерот за голмани во Челси.
– Секогаш ми потенцираше дека следен ривал ни е Руни, ми потенцираше дека тој може да направи се на теренот. Секогаш е тешко да играте против врвни напаѓачи, но против Руни беше најтешко, – потенцира Чех.
-
Формула 116 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија13 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија15 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија12 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија10 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства11 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 111 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА15 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)