Поврзете се со нас

Англија

Чех е пријавен од Челси во составот за Премиер лигата

Објавено

на

blank

Петр Чех е пријавен од Челси во составот за Премиер лигата, иако тој официјално ја заврши кариерата минатата година.

Чех е вклучен во составот од 25 фудбалери откако им се приклучил на тренинзите изминативе недели, а главната цел е да биде подготвен доколку треба да помогне поради актуелната ситуација со коронавирусот.

Иако засега е четврти голман, ситуацијата може многу лесно да се промени, на неа покрај КОВИД-19 може да влијаат и повредите, а во составот на Лампард се уште Кепа, Менди и Кабалјеро.

Чех извршува функција во клубот со која е поврзан со првиот тим, но менаџерот Френк Лампард посочил пред медиумите дека побарал да го пренесе голманското искуство на актуелните голмани на Челси.

Овој период е најсоодветен за Чех да се врати на тренинзите, а премиерлигашот објави дека тој би настапувал без договор како фудбалер.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни