Поврзете се со нас

Англија

Чеферин за ФФП прекршоците на Сити: Знаевме дека сме во право

Објавено

на

Foto:uefa.com

Александар Чеферин првпат јавно зборувал за истрагата која Премиер лигата ја води за Манчестер Сити во однос на прекршувања на Финанскиот фер плеј, потенцирајќи го веќе дефинираниот став на УЕФА за ова прашање.

Европската фудбалска федерација го казни Сити со двегодишна забрана за учество во Лигата на шампионите, но одлуката беше поништена од Спортскиот арбитражен суд, па премиерлигашот си го задржа правото да се натпреварува во елитното европско друштво. Паричната казна од 30 беше намалена на 10 милиони евра, бидејќи дел од обвиненијата не биле „издржани“.

– Ние знаевме дека сме во право. Немаше да донесеме таква одлука ако не бевме сигурни.

– Како адвокат со 25-годишно искуство, знам дека понекогаш можеш да добиеш судски процес за кој мислиш дека е веќе загубен, исто како што може да се случи и спротивното.

– Во сериозна демократија мора да се почитуваат одлуките на судот. Не сакам да зборувам за процесот во Англија, но сигурен сум дека одлуката на нашата комисија беше исправна, – рекол Чеферин.

Сити одговара за 115 прекршувања на ФФП и ако независната комисија донесе слична одлука како таа на УЕФА, на шампионот му се заканува настап во понизок ранг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни