Поврзете се со нас

Свет

Чеферин во нов напад на Барселона, Реал и Јувентус: Можат да ја напуштат ЛШ, тие имаат неспособни лидери

Објавено

на

Јувентус, Барселона и Реал Мадрид се трите клубови кои се уште не се откажуваат од идејата, проектот за Суперлигата, па поради тоа постојано се на мета на првиот човек на Европската фудбалска федерација, Александер Чеферин.

Словенецот ја користи секоја прилика да ги нападне овие гиганти, па во новото интервју за „Дер Шпигел“ им испрати уште една порака:

-Нема да ми пречи ако тие се зиминат. Многу е смешно што сакаат да создадат ново натпреварување и во исто време сакаат да играат во Лигата на шампионите оваа сезона.Овие три клуба едноставно имаат неспособни лидери. Тие момци [Флорентино Перез, Жоан Лапорта и Андреа Ањели] се обидоа да го убијат фудбалот, -истакна Чеферин кој уште еднаш го „пецна“ Флорентино Перез и тоа поради обидот да го донесе Килијан Мбапе.

-Тој ја критикува УЕФА и вели дека клубот може да преживее само со Супер лига, а потоа се обидува да го ангажира Килијан Мбапе за 180 милиони евра, – порача Чеферин во интервјуто кое целосно ќе биде овјавено овој викенд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни