Поврзете се со нас

Свет

Чеферин со официјална реакција по повлекувањето на шесте англиски клуба од Супер лигата

Објавено

на

Александар Чеферин им нагласи на 12-те клуба поборници на Лигата на шампионите дека имаат последна шанса за премислување и враќање во реалноста пред да следат ригорозни санкции за организација на Супер лигата, па во период од неполни 12 часа, пристигна официјално соопштение од сите 6 англиски премиерлигаши кои беа дел од проектот на Флорентино Перез и Андреа Ањели.

Шесте англиски великани се предомислија по жестокиот притисок кој го напарви цела јавност на Островот и фудбалските фанови, па вчера на полноќ стана јасно дека во Супер лигата остануваат само три клуба од Италија и три од Шпанија.

Концептот на Перез и Ањели сега сериозно е доведен во прашање и покрај тоа што излегоа со соопштение дека Супер лигата и натаму продолжува како проект, но сепак главна вест во светот е повлекувањето на Англичаните кое сега и официјално го поздрави првиот човек на УЕФА.

– Вчера реков дека ќе биде за восхит да се признае грешката, а овие клубови направија голема грешка. Но, англиските клубови се вратија кадешто припаѓаат и знам дека тие имаат уште многу што да понудат, не само во нашите натпреварувања, туку и на целиот европски фудбал.

– Сега е важно одново да се изгради унијата во која уживавме во фудбалот пред да се случи сето ова, – изјави претеседателот на УЕФА кој ја поздрави одлуката на шесте англиски клуба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни