Лига на шампиони
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!

Александер Чеферин како прв човек на УЕФА го коментираше неверојатниот пресврт на Реал Мадрид во полуфиналето во Лигата на шампионите, но на 11 дена пред големото финале, Словенецот направи најава и за завршниот чин во најелитното натпреварување.
Чеферин не сакаше да даде тип за конечниот исход во финалето бидејќи бил доста лош правејќи го тоа, но затоа направи својата мала анализа на тимовите кои ги имаат Карло Анчелоти и Јирген Клоп.
– Да бидам искрен, се сомневав дека Реал Мадрид ќе го мине Манчестер Сити, особено после првиот натпревар на кој загуби шпанскиот тим. Но, како и обично, се покажа дека Реал Мадрид има девет животи, исто како мачките.
– Тоа е искусен тим и знае што прави. Објективно гледано, сметам дека Реал има лоша одбрана, има играч кој прави чуда во нападот како Карим Бензема и играч како Модриќ кој игра се подобро како што е повозрасен. Веќе кажав претходно, за мене, Бензема е еден од најпотценетите играчи во историјата на фудбалот.
– Од друга страна, Ливерпул има тим со млади играчи кои веќе добија искуство со играње во неколку важни финалиња. Нема да се осмелам да го типувам победникот во Париз, обично лошо го правам тоа. Сигурен сум дека ќе гледаме неверојатно интересно финале, – вели Чеферин во интервјуто за „24ur.com Sport“.
-
Македонијапред 5 часа
Стојаноски: Владата ни вети помош од 2,5 милиони евра, ЕХФ тенденциозно го исклучи Вардар од ЛШ
-
Светпред 21 час
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Италијапред 21 час
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Мото ГПпред 21 час
Маркез обелодени како изгледа неговата рака после четвртата операција и ги шокираше фановите (Фото)
-
Италијапред 24 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика
-
Англијапред 19 часа
Во октомври му беше дијагностициран рак, сега ќе игра во Премиер лигата, а ќе чека шанса и на Мундијалот
-
АТПпред 23 часа
Надал: Ми пречи само едно нешто во односот кој го имаме со Федерер