Поврзете се со нас

Македонија

Чеферин со честитка за изборот на Омерагиќ за претседател на ФФМ

Објавено

на

Првиот човек на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александeр Чеферин испрати честитка за изборот на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Омерагиќ едногласно беше избран за наследник на Муамед Сејдини, па порака за изборот стигна директно од УЕФА.

Драг претседател, 

Ве молам прифатете ги моите искрени честитки за изборот за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). 

Оваа година, 2024, се одбележуваат 30 години од членството на ФФМ во УЕФА, а за тоа време вашата посветена Национална федерација сработи многу во градењето и развојот на фудбалот. 

Масар, бидејќи одблизу го знаете притисокот од играњето и менаџирањето со фудбалот на највисоко ниво, верувам дека со сето срце ќе го прифатите потенцијалот на фудбалот во Македонија и ќе продолжите да ги бележите точките за напредок, кои вашата федерација и вашата држава го заслужуваат.  

Ви посакувам се најдобро во новиот, возбудлив претседателски мандат што претстои – а вие и вашите најблиски да уживате во прекрасна празнична атомсфера и среќна Нова година. 

Со почит,

Александар Чеферин 

УЕФА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни