Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чеферин повторно им се закани на „суперлигашите“: Постапката е запрена, но не и завршена

Објавено

на

Последната одлука на УЕФА за прекинување на дисциплинската постапка против Јувентус, Реал Мадрид и Барселона потврди дека таканаречените „суперлигаши“ добро го завршиле својот дел од правната процедура, но тоа не значи дека лесно ќе ги затоплат односите со Александар Чеферин и актуелното раководство на УЕФА.

Напротив, Чеферин кој и самиот е адвокат, најави правна битка со клубовите кои најавија формирање на ново натпреварување.

– Правдата некогаш е спора, но на крајот пристигнува. Не навлегувам во дисциплинската постапка, но јасно е дека мора да биде стопирана за случајот да биде расчистен со судовите.

– Тоа не значи дека сме се откажале од најавената постапка, мора да се расчистат работите, а потоа ќе продолжиме, – изјавил Чеферин.

Словенецот во своето интервју за „РАИ“ испратил и дополнителен напад кон трите клуба.

– Понекогаш имам чувство дека овие три клуба се однесуваат како деца кои решиле да не се појават во училиште. Не се поканети на роденден, па се обидуваат да влезат со полиција, – изјавил претседателот на УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни