Лига на шампиони
Чеферин откри кои англиски клубови го информирале за Супер лигата и понудиле соработка со УЕФА
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, постојано нагласува дека проектот Супер лига нема иднина, без разлика што клубовите промотери споделуваат во јавноста, а тоа е посебно така бидејќи во неа никогаш не би учествувале англиските и германските клубови.
Проектот пропадна за неколку дена откако премиерлигашите се повлекоа од веќе прифатениот формат, а Чеферин изјавил дека два клуба експресно споделиле информации за него пред официјалното објавување на проектот.
– Челси и Манчестер Сити беа најмалку убедени во исправноста на проектот.
– Добив повик од еден од овие клубови за да ги здружиме силите, бидејќи не им се допаднала идејата, но истовремено не сакале да извисат. Потврдија дека сакаат да останат пријатели на УЕФА надвор од овој проект. Најзаинтересирани беа Ливерпул и Манчестер Јунајтед, клубовите со американски сопственици, – вели Чеферин.
– Без англиските клубови Лигата на шампионите не би била иста, затоа и Супер лигата нема да функционира без нив. Германските клубови се на иста позиција, ако Баерн и Борусија прифатеа учество и нивните навивачи ќе излезеа на улица, – изјавил првиот човек на УЕФА.
-
АТПпред 17 часа
Ново признание за Србинот: Ѓоковиќ по петти пат е најдобар спортист на светот
-
АТПпред 17 часа
Ѓоковиќ: Не е важно од каде сте и каква боја е вашата кожа, спортот секогаш…
-
Шпанијапред 19 часа
Ван Бастен и Де Бур ја подбраа ѕвездата на Барселона: Лудо е што…
-
Италијапред 16 часа
Капитенот Мартинез: Многу ми значи оваа титула, сакаме…
-
Шпанијапред 8 часа
Белингам доби специјална награда во Мадрид, но ја изведе и својата хит прослава заедно со легендарниот Болт (Видео)
-
Италијапред 17 часа
Дербито донесе тензија и три црвени картони, Интер официјално е нов шампион на Италија (ВИДЕО)
-
Италијапред 21 час
Гулит: Милан не смее да дозволи Интер…
-
Македонијапред 22 часа
Вардар го претстави првото засилување за новата сезона: Подготвен сум за борба, сакам да освојувам трофеи со клубот