Поврзете се со нас

Свет

Чеферин немаше ривал, доби нов претседателски мандат во УЕФА

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/UEFA

Делегатите на конгресот на УЕФА во Лисабон, денеска акламативно го реизбраа Александер Чеферин за претседател на Европската фудбалска федерација.

Словенецот ќе раководи со УЕФА најмалку до 2027 година, а поддршката ја доби без да има противкандидат на изборниот конгрес.

Чеферин ја изршува функцијата од 2016 година кога го замени Мишел Платини, па со новиот мандат ќе се задржи на функцијата повеќе од една деценија.

– Ова е голема чест, но и голема одговорност кон фудбалот. Ќе направам се што можам да не ве разочарам, – изјавил Чеферин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни