Поврзете се со нас

Свет

Чеферин: Му должам вечера на Бобан за Суперлигата

Објавено

на

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и натаму не заборава да го истакне неуспешниот проект „Суперлига“ во секоја своја комуникација со медиумите, а сега истакнал дека му најавил што ќе се случи со истиот на својот добар пријател Звонимир Бобан.

Хрватската легенда во работи во УЕФА, а бил заедно со Чеферин кога се појавило соопштението на клубовите основачи на новото натпреварување.

– Јас и Бобан патувавме во Швајцарија, беше во автомобил со мене кога тоа се случуваше. Најважно е што и тој беше позитивен дека нема да им успее, па ми рече: Ајде да се кладиме во вечера дека ќе ги бутнеш за два дена. Се кладевме, но се уште не сум платил вечера, – рекол Чеферин.

– Знаев дека мора да настапам што поагресивно, затоа што Суперлигата мораше да пропадне за 48 часа, инаку во спротивно можеби ќе имаа шанса да успеат.

– Тоа елитистичко натпреварување ќе значеше дека 45 од 55 федерации ќе банкротираат, тие луѓе се милијардери и немаат реална слика. Тие 48 часа не спиев и не јадев, но на крајот се исплатеше, – изјавил Чеферин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни