Поврзете се со нас

Свет

Чеферин: Мораме да спречиме формирање на Европска Премиер лига

Објавено

на

Првиот човек на Европската фудбалска федерација, Александер Чеферин е против формирање на Европска Премиер лига во која место ќе има само за најдобрите клубови на стариот континент.

Во Европска Премиер лига би учествувале најсилните тимови во Европа и со тоа дефинитивно би ја засенила, заменила Лигата на шампионите.

-Мораме да сториме сè за таа лига никогаш да не се случи. Не сум сигурен дали клубовите тоа го сакаат или само ја туркаат целата таа приказна со закани. Ако е така, тие успеаја во тоа, -истакна Чеферин и додаде:

-Овие промени не помагаат на малите и средни федерации. Процесот не е добар. Клубовите не знаат ништо за тоа и тоа треба да се промени во иднина, -дополни првиот човек на УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни