Поврзете се со нас

Светски првенства

Чеферин контра Венгер, упати заканувачка порака: Може, но без репрезентации од Европа

Објавено

на

Идејата на Арсен Венгер за одржување на Светското првенство на секои две години наиде на жестоки коментари во јавноста од првите луѓе на континенталните фудбалски куќи.

Венгер кој работи како прв човек на фудбалскиот напредок на ФИФА дал предлог Светските првенства да се одржуваат на секои две години, а квалификациите за истите да се играат како мини турнир.

Сепак,против ваква идеја е првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин кој упати предупредување дека такво Светско првенство може да се случи само без европските репрезентации.

– Можеме да одлучиме да не играме на такво првенство. Колку што знам и во Јужна Америка се на истата страна, па така, со среќа на такво Светско првенство. Мислам дека никогаш нема да се случи затоа што се коси со основните принципи во фудбалот.

– Секое лето да се игра едномесечен турнир за фудбалерите е убиство. Ако е на секои две години се судира со женското Светско првенство, со олимпискиот фудбалски турнир..

– Вредноста на првенството е затоа што е прецизно на секои четири години, го чекате со нетрпение, исто како и Олимписките игри. Тоа е голем настан и не гледам причина нашите федерации да го поддржуваат тоа, -јасен беше Чеферин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни