Европски првенства
Чеферин изненаден од пласманот на Македонија на Европското првенство: Супер ми е што се пласираа

Претседателот на европската куќа на фудбалот, УЕФА, Александар Чеферин имаше ексклузивно и обемно интервју за српскиот медиум „Информер“.
Чеферин во една прилика во интервјуто говореше и за пласманот на репрезентацијата на Македонија на континенталниот собир кој е закажан за летото оваа година.
Словенецот истакна дека не го очекувал пласманот на Македонија на Европското првенство, но притоа изјави дека му е супер што една така мала земја ќе добие шанса да игра на големо натпреварување.
– Македонија ме изненади, беа во група со Словенија. Добар тим се, добро се водени и супер ми е што се пласираа на Европското првенство. Една мала земја која нема добра економска ситуација доби прилика да се промовира. Ретко што може да обедини еден народ во една држава како спортските успеси, -изјави Чеферин.
Првиот човек на УЕФА потоа зборуваше и за тоа дали натпреварите од Европското првенство ќе се играат пред полни трибини.
– Мислам дека на лето ќе можеме да имаме полни трибини. Засега планот е да се игра во сите 12 земји. Секако, постојат и резервни опции во случај некоја држава да има проблем. Подготвени сме да го организираме натпреварувањето и во 11, 10 или девет градови, па дури и само во една држава, ако има потреба. Сепак, 99,9% сум сигурен дека ќе имаме Европско првенство во сите 12 градови, како што е планирано, -изјави Чеферин.
Македонија е во група со Австрија, Украина и Холандија, а своите натпревари ќе ги игра во Букурешт и Амстердам.

- Италијапред 19 часа
Елмас повторно се поврзува со заминување од Наполи, европски гигант нуди 20 милиони евра за неговите услуги
- Англијапред 18 часа
Лани бараа 70 милиони фунти, годинава ќе го пуштат за многу помалку: Вулверхемптон се ослободува од Траоре
- Шпанијапред 17 часа
Угледната „Марка“ јавува дека Реал доставил краен ултиматум до Серхио Рамос
- Шпанијапред 20 часа
Силесен правеше чуда на „Месталја“, Валенсија се избори за херојски пресврт во дербито (Видео)
- Светски првенствапред 15 часа
Шпекулациите стануваат реалност, Златан Ибрахимовиќ по долг период се враќа во репрезентативниот дрес
- Шпанијапред 17 часа
Куман проговори за својата иднина и дали ќе остане тренер на Барселона: Новиот претседател ќе донесе одлука
- Англијапред 16 часа
Артета со сериозен интерес за фудбалерот кој подолго време е следен од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 14 часа
Зидан го означи големото дерби против Атлетико како „финале“ и нагласи: Добро е што ќе сметаме на специјален играч