Поврзете се со нас

Свет

Чеферин го возвраќа ударот: Клубовите од лигите кои се прекинаа, за да играат во Лигата на шампионите ќе мора…

Објавено

на

Од УЕФА постојано нагласуваат дека сезоните во домашните првенства мора да се комплетираат до крајот на месец јули.

Сепак и покрај ваквите барања на Европската куќа на фудбалот, дел од првенствата беа прекинати, па така до крајот на летото нема да гледаме фудбал во Франција, Холандија иБелгија кои ги откажаа првенствата.

Ваквиот потег на властите во овие земји го налутил Александар Чеферин кој размислува сите клубови кои ќе играат во Лигата на шампионите и Лига Европа, а доаѓаат од првенства кои не се доиграни, да играат уште во прелиминарните квалификации.

Ова би требало да претставува предупредување и за Премиер лигата, Ла Лига и Серија А кои се уште се двоумат дали да го продолжат првенството.

– Сите спортски титули треба да зависат од резултатите. Како одговорни водачи, мора да бидеме сигурни дека тоа ќе биде така се додека постои и најмала шанса за да се најде решение.

– Ова е конкретен план за да се комплетира европската сезона. Мислам дека повеќето од лигите ќе може да ги завршат своите сезони.

– Оние кои нема да го сторат тоа, а тоа е нивен избор, ќе мора да одат низ прелиминарните рунди доколку сакаат да учествуваат во следните натпреварувања на УЕФА. Чекаме датумите да бидат потврдени, но ви гарантирам дека куп натпреварувањата ќе бидат завршени во август, -изјави претседателот на УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни