Поврзете се со нас

Европски првенства

Чеферин го откри својот фаворит за титулата на ЕП

Објавено

на

Остануваат само уште неколку дена до почетокот на 17. Европско фудбалско првенство на кое домаќин е Германија.

Десет градови ќе бидат домаќини на 24 репрезентации кои ќе се обидат да се прикажат во најдобро светло, поточно ќе се обидат да го загрозат, украдат тронот на кој сега е Италија.

Првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин со нетрпение го очекува стартот на шампионатот, но пред истиот тој даде свој тип околу тоа кој ќе биде шампион.

-Веќе им кажав на пријателите, а не знам зошто, но мислам дека Германија е најголем фаворит. Не им оди најдобро во последните години, дури и на големите турнири, но имаат добар тим,-вели Словенецот и додава:

-Франција, Англија и Португалија се исто така главни фаворити. Шпанија не треба да се потценува. На второ место ќе бидат Хрватска, Белгија, Холандија и можеби Данска, -заклучи првиот човек на Европската фудбалска федерација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни