Чеферин: Европско првенство во 13 земји нема да се повтори

Ceferin

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин во изјава за „Кикер“ признава дека идејата следното Европско првенство да биде организирано од 13 земји не е премногу добра идеја и истото веројатно нема наскоро да се повтори.

– Нема да повториме вакво Европско првенство, бидејќи ни создава многу организациски проблеми. Се работи за убав гест кој ја покажува сплотеноста и единството во Европа, но не е модел за иднината, – истакнал Чеферин.

Идејата за вакво ЕП беше на претходникот на Чеферин, Французинот Мишел Платини кој сега е суспендиран, а според Словенецот сега предизвикува многу компликации пред се поради различните легислативи и закони во 13-те земји каде ќе се играат натпреварите во 2020 година.

 

Facebook Коментари